Пет европски земји се приклучија на санкциите на Европската Унија против Белорусија, меѓу кои се наоѓа и Македонија.

Земјите-кандидати: Македонија, Црна Гора и Албанија, како и Исланд и Норвешка, кои се дел од Европската економска област, се приклучуваат на оваа одлука на Советот (за санкции) – се вели во соопштението на Советот на Европа.

Истовремено, се забележува дека по овој чекор, овие земји ќе ги спроведуваат своите национални политики во согласност со одлуката на Советот на ЕУ.

Претходно, Европската Унија неколку пати го објавуваше списокот на санкции против Белорусија: на 2 октомври, 6 ноември и 17 декември. Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко е ставен на црната листа во втората група санкции.

Белорусија воведе реципрочни санкции кон Европската Унија. Меѓу воведените мерки е суспендирање на активностите на координативната група „Белорусија-ЕУ“ и намалување на нивото на учество на земјата во Источното партнерство. На 18 декември, Министерството за надворешни работи на Белорусија објави дека подготви одговор на друга ограничувачка мерка на ЕУ.

Масовните протести на опозицијата започнаа во Белорусија на 9 август, по претседателските избори. Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи на изборите со 80,1 процент од гласовите. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Тихановска.

Европската унија постојано изјавуваше дека не ги признава резултатите од претседателските избори во Белорусија. Во меѓувреме, голем број западни земји воведоа индивидуални санкции за луѓето за кои се верува дека се вклучени во изборни повреди и сузбивање на протестите.