„Чувствувам голема доверба во безбедноста и ефективноста на оваа вакцина и сакам да ги охрабрам сите што имаат можност, да се вакцинираат, така што ќе имаме заштита во оваа земја што ќе стави крај на оваа пандемија“, рече Фаучи пред да се вакцинира во клиничкиот центар „Бетседа“ во Мериленд.

Вакцината се дава во две дози.

Другите високи јавни службеници, вклучително и новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателот Мајк Пенс, беа вакцинирани со вакцина изработена од „Фајзер“ и „БиоНТех“, кои прво добија одобрување.

Вакцината на Modernа е одобрена во САД минатата недела.