Денешното претпладне го поминав на стрелиштето во селото Водоча каде што се одржа третиот турнир во стрелање летечки мети на стрелачките клубови „Беласица шат“ и „Рефлекс шат“ и ловното друштво „Беласица“ од Струмица.

Оваа активност на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов ја забележа на својот профил на Фејсбук, додека во Битола се отвораше клубот „Ванчо Михајлов“.

– Навистина, беше посебно задоволството да се гледаат натпреварите во којшто учествуваа поголем број стрелци од стрелачките клубови и ловните друштва во државата. Ги поддржуваме сите спортски дисциплини во коишто се постигнуваат високи резултати, го јакнат натпреварувачкиот дух и го шират пријателството, објави Костадинов.

Тој до минатата година беше пратеник, портпарол и висок функционер на СДСМ, која денеска молчи во врска со настанот во Битола, каде што висока бугарска делегација предводена од премиерот Кирил Петков, го отвори клубот и го промовираше „Ванчо Михајлов како мост на македонско-бугарско пријателство“.

Инаку СДСМ секогаш има полна уста „партизанство и антифашизам“, но денеска глинените гулаби беа мета за отстрел.