Премиерот Димитар Ковачевски се согласува со реакцијата на американската амбасадорка во земјава за Анџела Агелер за изборот на Ислам Абази за нов шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Агелер претходно за 360 степени рече дека изборот на Абази е збунувачки, посебно откако во јавноста се појавија негови фотографии со функционери на ДУИ. Според Ковачевски, Владата немала право да се меша во изборот на обвинители, но истакна дека се потребни уште повеќе реформи и унапредување на обвинитескиот систем во државата.

Реакцијата на Аџелер вчера ја коментираше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој посочи дека изборот на законодавни тела треба да биде независен и поради тоа според него е потребно да се направи ветинг во сите државни институции. По овие реакции во јавноста за изборот на Абази, денеска се одложи и изборот на шефови на вишите обвинителства во Скопје и Гостивар, откако поради здравствени причини обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше на Советот на јавни обвинители каде требаше да се случи изборот. Сепак поради отсуството на Јовески, немаше кворум за гласање, а а претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски изјави дека нема услови за работа.