Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ Максим Димитриевски соопшти дека собрал 10.000 потписи за кандидат за претседател.

„Над 10.000 потписи за кандидат за претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, напиша Димитриевски вечерва на својот профил на „Фејсбук“.

Димитриевски неодамна изјави дека целта му е во вториот круг да се соочи со Гордана Силјановска Давкова, канидадат на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, кандидатот на ДУИ, Бујар Османи објави дека ги собрал сите 10.000 потписи за кандидатура, а истото го стори и Арбен Таравари.