„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

Значи ова е прашањето што го изгласаа комуњарите и чесните од ДУИ. Оние другите од Беса се само приврзок. И речиси е несфатливо дека и покрај сите укажувања, шутрациве од власта пак прават манипулација.

Прво, вака поставено, прашањето е за тоа дали сте за членство во НАТО и ЕУ, а не дали сте за договорот со Грција. Самото прашање упатува на тоа: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО…?“. При ваква формулација, договорот со Грција е само алатка со која ќе со оствари членството, а не централен и клучен дел на референдумското прашање.

При вака поставено прашање, доаѓа во преден план тоа што, да бидам искрен, мислев дека шутрациве ќе се обидат да го избегнат, а кое со денови веќе го вергла Тодор Петров: За членство во заедница на држави се активира член 120 од Уставот кој вели:

1.Предлог за стапување во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз или заедница со други држави можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.

2.Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

3.Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.

Што се однесува до НАТО, власта веќе се изјасни дека алијансата ја смета за меѓународна организација, а не за сојуз или заедница, и дека споменатиот член од Уставот не се однесува на членството во НАТО. Добро, но за ЕУ, какво и да најдете толкување, самото име кажува дека станува збор за „унија“, односно за заедница на држави и тука нема бегање од член 120. Тој пак бара прво да има предлог за стапување во таа заедница на држави, а таков предлог нема.

Тоа е првата лага.

Второ, за да го поставите на референдум прашањето „Дали сте за ЕУ…“, ви треба усвоена одлука од Собранието со 80 гласа (став 2).

Значи, прво треба предлог да се стапи во членство во ЕУ (во заедницата на држави, односно во унијата), а потоа треба тој предлог да биде усвоен во Собранието со најмалку 80 гласа.

Таква одлука нема. Има усвоен Закон за ратификација на договорот со Грција за кого не е потпишан Указот од Иванов, а тоа во прашњето го нема. Тоа е втората лага и манипулација на власта со прашањето.

И трето, откако одлуката за стапување на членство во ЕУ ќе биде усвоена со 80 гласа во Собранието, таа одлука мора да оди на референдум и на тој референдум треба, не да излезат 900.00 гласачи, од кои 450 илјади да бидат „за“ како кај обичниот референдум, туку 900.000 односно половина од запишаните избирачи (1,8 милиони) да бидат „за“.

Ништо од ова власта нема намера да почитува. Нејзе очигледно очајно и треба ујдурмата со НАТО и ЕУ, иако лесно можеше да го избегне ова, со прашање кое би гласело, на пример: Дали сте за договорот со Грција кој ќе овозможи …“ итн. итн.

Но, на СДСМ и ДУИ им треба конструкција на прашањето која ќе овозможи прво во очи да ви падне членството во НАТО и ЕУ, а не договорот за Северна и, во уши, прво што ќе чуете да биде исто така членството во НАТО и ЕУ, а не Северна.

Се работи за обична психологија според која се манипулира со јавноста.

Таа, јавноста, се третира како стока, како што тоа беше случај и во 2004 година, а за да се дојде до гласот на „стоката“ потребно да наметне атмосфера која ќе ви внесе во главата дека всушност не гласате за тоа дали Македонија ќе биде „Северна“, а вие „Северни“, туку дека ќе гласате за НАТО и ЕУ. А ако гласате за НАТО и ЕУ, гласате за повеќе пари кои по членството ќе потечат како река, нели. Како што е тоа случај со Бугарија, Албанија и да не набројуваме.

Значи, идејата е да ве убедат дека не гласате за договорот со Грција, дури и не гласате за НАТО и ЕУ, туку гласате за да имате повеќе пари.

И тука, во таа лажна пропаганда, товарот ќе го носат странците кои веќе започнаа со спотови и нарачани телевизиски прилози.

Значи, додека комуњарите си делат грантови меѓу себе, вклучувајќи ги тука и парите на нивните „независни“ новинари, вам ќе ви делат ветувања.

Вториот момент е дека референдумот е консултативен. Тој не создава обврска за никого и за ништо, иако ќе ве убедуваат дека и покрај се, треба да излезете да гласате. Посебно, што е битно, не создава обврска за претседателот Иванов да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација за договорот со Грција.

Понатаму, нека не ве лажат дека за консултативниот референдум, не треба цензус. Треба и тука нема дилеми. Се друго е лага. Кој од цензусите е потребен веќе објаснивме погоре.

Четвртиот момент е дека ако не се исполни цензусот и плус, со оглед на тоа што референдумот е консултативен, тој не созадава обврска ни за ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа уставните промени што ги бара Грција. Значи нема потпис од Иванов, нема согласност од ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени. Зошто тогаш се оди на референдум?

Каква ујдурма во врска со ова смислиле мозоците кои ги движат конците на кои се закачени СДСМ и ДУИ, ќе видиме.

Но, тоа што сега го гледаме е дека власта ќе се обиде да ја протне тезата дека ако веќе не треба цензус (што рековме е лага) и ако референдумот е консултативен, кон што е ќе биде насочена пропагандата на загарите чии чекмеџиња ги полнат, тогаш подобро е да излезете на гласање, за да не се случи и со 200.000 гласови референдумот да се прогласи за успешен. Тоа е само обична лага, со која власта ќе се обиде да ја зголеми излезноста.

Дополнително, ќе се обидат да ве плашат со поделба на Македонија, ако референдумот не помине. Тоа е следната лага, бидејќи албанските партии, тоа не е никаква тајна, се на копче. Тој што го вклучува и исклучува копчето, знае дека ако договорот со Грција не помине, нема никаква полза од излегување на Албанците од Македонија, зашто тогаш пак ќе остане едно парче од РМ со кое Грците ќе треба да преговараат.

Но, без Албанците, нема да има страшило за Македонците. Оттука, на Албанците никој нема да им дозволи да излезат од Македонија, се додека постои Република Македонија во било која форма и големина. Може да има инциденти, поточно кажано УДБА секако ќе предизвика во некоја форма албанско-македонски конфликт, тука не треба да се има сомнеж, но распад на РМ нема да има. Впрочем, при тој распад, каде би оделе таквите како Исмет Рамадани? Па тие се тоа што се, само затоа што се Албанци во Република Македонија. Надвор од овде, па дури и во едно сеалбанско општество, се никој и ништо. Затоа, нивните застрашувања се само тоа и ништо повеќе – нискоинтелигентни пропаганди пораки.

Но, ако договорот помине, е тогаш е сосема друга приказна. Кога целиот процес ќе заврши, вклучувајќи го тука и менувањето на историјата на РМ, Албанците како нов конститутивен народ на новата држава, ќе создадат федерација, а потоа, кога тоа ќе им биде дозволено, ќе ни кажат довидување. Проблемот е што тоа нема да биде по мирен пат.

И на крајта потсетете се и на порака на Шеќеринска од пред некој ден: ако на референдумот не била донесена одлука, институциите ќе го направеле тоа. Таа всушност сакаше да каже дека ако не излезете и го бојкотирате референдумот и ако тој поради тоа не успее, ќе се смета како да не била донесена одлука. Една голема глупост, неверојатно е дека тоа беше кажано, но и тоа е обична глупава лага. Неизлегувањето на референдумот и неговата пропаст исто така значи дека народот донел одлука, односно не гласал „ЗА“. И тука нема што повеќе да се разговара.

Нормално, при консултативен рефендум институциите имаат основа да донесат одлука каква сакаат, но за таа одлука СДСМ и ДУИ повторно се зависни од Иванов и ВМРО-ДПМНЕ.

Значи, да ги резимираме неколкуте лаги:

Прво: дека на овој референдум не треба цензус. Лага. Таа лага треба да ви прати порака дека ако не излезете на гласање референдумот ќе помине со позитивните гласови на СДСМ и Албанците, што не е точно.

Второ: дека за членство во ЕУ треба 450 илајди гласа „ЗА“. Лага, потребни се 900 илјади гласа „ЗА“.

Трето, дека Македонија ќе се распадне ако не помине референдумот. Лага, бидејќи Грците пак ќе треба да преговараат со тоа што ќе остане, ама нема веќе да ги има Албанците како плашило или како средство кое може да се употреби за убиства како тоа на Саздовски.

И четврто: сите овие ујдурми и оние што ги смислил или ќе ги смисли мозокот, може да ги прекине Уставниот суд:

-Основот (член 73 од Уставот) врз кој е донесена Одлуката за референдум е погрешна;

-За членство во ЕУ не може да се распише консултативен референдум;

-Не може да има повеќе прашања за еден референдум (член 15 од Законот за рефендум што веќе го објаснувавме);

– Нема одлука за членство на РМ во ЕУ усвоена од Собранието на РМ зашто никој не ни не повикал да станеме членка на ЕУ;

-Прашањето содржи лажни сугестии (може да помине референдумот, но пак да не станеме членка на НАТО заради неисполнети критериуми, но тоа во прашањето го нема);

-Референдумското прашање го содржи името Република Македонија, а таков субјект во договорот со Грција нема, што е нова лага и манипулација со гласачите. Таму сме некоја „страна“ (прва, втора) или како веќе сме ословени.

И да не набројуваме натаму. Засега доволно е и ова.