Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша уставен амандман со кој во Русија и формално се забрануваат истополови бракови и усвојување деца во такви бракови.
Дефинирањето на бракот како заедница исклучително на маж и жена дел е од групата уставни реформи кои Русите ги изгласаа на 1 јули 2020 година. Во тој пакет кој го поддржаа 78 отсто од Русите е и одредбата која на Путин му овозможува да се кандидира за уште два шестгодишни мандати.
На 5 април Путин официјално ги потпиша уставните амандмани и овозможи нивно стапување на сила.
Истополовите бракови беа илегални во Русија, а со новата формулација во Уставот тоа дополнително се утврдува, а на ЛГБТ заедницата ѝ е забрането посвојување деца.