Силно го осудуваме признавањето од страна на Русија на украинските области Доњецк и Луганск како независни, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– Ваквите акти претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. С. Македонија уште еднаш ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, наведува Османи, по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на т.н. Доњецка народна република и Луганска народна република во Украина.