Главниот британски епидемиолог, Нил Фергусон, чие дело се мерките со кои Велика Британија беше „заклучена“ во борбата против корона вирусот, а кој поднесе оставка откако беше откриено дека ги прекршил правилата за да се види со девојката, кратко потоа призна дека згрешил во проценката за воведување рестриктивни мерки од таков степен, бидејќи и покрај нив, се покажало дека заразата расте (Британија има 4000 заразени на милион жители и близу 600 мртви на еден милион, а бројките не беа многу подобри ни пред точно еден месец кога Фергусон си даде оставка).
Нил ФЕРГУСОН
Според него, истиот ефект како Британија го постигнала и Шведска (бчизу 500 мрви на еден милион), без да ја затвори државата.
Всушност, тој смета дека рестрикциите во Британија биле бесцелни и не дале никаков ефект.
Но, пред неколку дена и главниот шведски епидемиолог призна дека згрешил во проценките. Андрес Тегнел за шведското радио изјави дека кога денес би бил во иста ситуација „би презел мерки кои би биле меѓу тие кои тој ги предложи и ги примени шведската држава (отвореност) и мерките кои другиот дел од светот ги спроведе (мерки на целосно затворање)“.
Со оглед на тоа што и британските мерки не беа претерано каранатински, тешко може да се каже дека станува збор за некаков ригорозен карантин. Но, без дилема, Британија секако го примени методот на „заклучување“ на државата, а Шведска методот на отвореност. Сега и двајцата епидемиолози во двете држави тврдат дека згрешиле. А, не може и двајцата да се право дека згрешиле! Или може?
Петер Ендју, Ирец, новинар кој има диплома од генетика, и кој е автор на редовите од кои е изведена оваа скратена верзија која ви ја пренесуваме, вели дека ако ги прашате политичарите во двете земји, тие ќе ви кажат дека „само го следеле тоа што науката го кажува“. Тогаш, се поставува прашањето која наука е точна?
Андреас ТЕГНЕЛ
Како и да е, тука е и прашњето кој е во право: Британија или Шведска? Или кој згрешил? Односно, кој е во право дека згрешил: Британија со Фергусон или Шведска со Тегнел?
Според Ендрју и двајцата се луѓе без кредибилитет. И двајцата придонесуваат луѓето да кажат: а што ќе ни е науката. Овие двајца се најлесен начин како да се застане на патот на губење доверба.