„Сакам да истакнам и за постапката за избор на шеф и на членови. Бидејќи сакаме силно обвинителство со финансиска независност, критериумите за избор на шеф и обвинители во обвинителството треба да бидат построги. Ние сме мала земја и може да има влијанија. Како би го тргнале теретот, а изборот да биде без дамки, предлагам во постапката за избор на шеф и обвинители во тоа обвинителство да биде вклучена и канцеларија на ЕУ во Република С. Македонија преку мониторинг почнувајќи од моментот на интервјуирање до избор на кандидатите и тие да имаат право да дадат мислење за тие кандидати“ -изјави денеска Фатиме Фетаи во Собрание.

Нејзината изјава е во рамки на т.н. дебата на „експерти“ што денеска се одржа во Собранието на РМ, а по повод новиот закон за обвинителство. Се чини, коментар не е потребен освен дека Фетаи сигурно знае што зборува кога споменува построги критериуми за избор, при што, на пример, оние кои не положиле приемен испит на Академијата за судии и обвинители, да не можат со партиски „врски“ да бидат избрани за обвинител.

Што се однеусва до делгацијата на ЕУ во Макеоднија, свежи се импресиите во јавноста од неодамнешната средба на Жбогар со претседателот на Уставниот суд, Мурати, што остави прилично прашалници во јавноста.