Поголем број возила се забележани на граничниот премин со Грција, „Богородица“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Ако патувате кон Грција треба да знаете дека метеоролозите најавуваат топло лето со силни и редовни топлотни бранови.

Грција се подготвува за „исклучително тешко“ лето и ќе ја зајакне својата превенција од шумски пожари и механизмот за гаснење пожари, бидејќи климатските промени се закануваат со високи температури, велат локалните власти.

Која важна информација треба да ја знаете за Грција, прочитајте ТУКА.