Францускиот муслимански религиозен совет, водечки претставник на муслиманите во Франција, денеска објавија дека ги тужи Фејсбук и Јутјуб откако видео од масакрот во Крајстчрч беше емитувано на нивните платформи.

Масовното убиство во две џамии во Нов Зеланд беше емитувано во живо на профилот на напаѓачот на Фејсбук 17 минути.

Неколку часа по нападот, снимката се уште можеше да се најде на Фејсбук, Твитер, Алфабетик Инк Јутјуб, како и на Инстаграм и Ватсап.

Абдалах Зекри, претседател на тој совет , потврди дека тужбата е поднесена.