Апсолутно е клучно С. Македонија да се справи со корупцијата во земјава која се влошува. Ја имате британската поддршка за тоа, објави на официјалниот твитер профил амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон во земјава по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември.
-Неодамнешните вознемирувачки извештаи сугерираат дека корупцијата во С. Македонија се влошува, а не се подобрува. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, создава недоверба во судството и ги ослабува јавните институции. Обединетото кралство ја поддржува С. Македонија. Апсолутно е клучно справувањето со тоа, стои на твитер налогот на британскиот амбасадор Лосон.