Турција е убедена дека Москва и Киев можат да постигнат мировен договор, и приоритетна задача на Анкара е да организира средба меѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин, изјави Ибрахим Калин портпарол на турскиот претседател.
– Мировен договор е можен. Сега се поставува прашањето кога и како тоа ќе се постигне, изјави Калин во интервју за Ал Џезира.
– Една од клучните задачи што Турција си ги постави е да организира средба меѓу Путин и Зеленски, додаде Калин.
Според него отворени се канали за комуникација од двете страни.
– Тоа е многу важно и нашите напори се насочени кон организирање директна средба меѓу рускиот и украинскиот претседател.