Турција и другите држави сепак мора да разговараат со Русија за да помогнат да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин, пренесува Скај њуз.
Калин, исто така, изјави на меѓународниот форум во Доха дека на Киев му треба поголема поддршка за да се брани.
– Ако сите ги запалат мостовите со Русија, тогаш кој ќе разговара со нив на крајот, рече тој.
– Украинците треба да бидат поддржани со сите можни средства за да можат да се бранат… но рускиот случај мора да се сослуша, на овој или оној начин, истакна портпаролот на турскиот претседател.