Игор ЈАНУШЕВ
Нова криминална афера на повидок, во 2018 година ТЕ-ТО е прва на листата по остварена добивка со 120 милиони евра, но истата година најпрофитната компанија во државава оди во стечај. Имено, во јуни 2018, во еден ден од судот е прогласен стечај, но и донесен план за реорганизација на компанијата со кој е отпишан долгот од 28 милиони евра кон “Топлификација”.
Причината за стечај, одобрена од судот, е дека струјата ја продавала по неповолно ниска цена и тоа на компанијата ЕДС, која во моментот кога се правеле трансакциите била во сопственост на Кочо Анѓушев.
И покрај тоа што станувало збор “во најмала рака” за проблематичен и крајно сомнителен стечај, криминално-рекетарската банда на власт на чело со Зоран Заев одлучила да потпише одлука со која ќе додели државна помош за компанијата ТЕ-ТО со опростување на данокот на добивка кон УЈП, кој заедно со аконтациите изнесува преку 20 милиони евра. И, се ова се прави иако уште во тој врменски период има поднесено кривична пријава, а истата завршува, погодувате, кај Вилма Русковска!