Беше 9 ноември околу полноќ. Ме разбуди сопругот за да ми каже нешто. Дојде Милески и ни кажа дека утрото ќе има претрес. Така и беше. Попладнето Јордан за случајот “Империја” беше во суд. Кога дојдов во суд недолично се однесуваше обвинителката Лиле Стефанова. Таа тогаш рече: “Ништо не ми можеше Тони, моќта е кај мене. Само треба да знаеш кога е кај тебе и да ја искористиш”. Вечерта дојде Јанева. Јордан доби притвор таа вечер, рече Ана Камчева адвокат и сведокот во денешното рочиште за случајот “Рекет”, сопруга на бизнисменот Орце Камчев, пренесува Слободен Печат.

– Неколку дена подоцна Милески ме побара за да се сретнам со адвокатот Васил Димишков. На овас средба Васил ми кажа дека го предупредил Јордан и дека требало да соработува со него за да има поповолни услови за него – рече Камчева.

Адвокатот Димишков и рекол дека за неговата помош за поблага мерка за Камчев требало да се плати меѓу 2 и 8 милиони евра. Со тие пари тој и рекол неговата сестра-судијка ќе одела во пензија.

– Бидејќи Милески беше човек од доверба му реков нему утре да му ја каже сумата. Следниот ден ми беше речено дека сумата за плаќање е 6 милиони евра. На средбата со Јордан му кажав дека немаме предмет туку дека имаме проблем – рече Камчева.

Сведокот Камчева била повикана од Милески и и рекол да дојде во хотелот “Александар Палас”, и ми кажа дека Бојан Јовановски бил многу нервозен за некој текст на извесен портал кај што пишувало дека синот на Јанева работи во 1ТВ.

– Тогаш сфатив за нивниот близок однос. Неколку дена подоцна дојдов во 1ТВ. Бојан ме запозна со едно момче кое работеше на компјутер. Кога момчето излезе Бојан ми кажа дека тоа е синот на Јанева – истакна Камчева.