Приходот на 58 правни субјекти во Македонија, кои се занимаваат со коцкање и обложување, во 2023 година е 800 милиони евра, односно толку пари оставиле граѓаните во коцкарници и обложувалници.
Компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра, покажува анализата на економскиот портал Пари.
Фирмите чија дејност е обложување и игри на среќа имаат 7.745 вработени и се сериозен полнач на државниот буџет од придонеси и даноци.
На прво место по приход е Про Бетинг. За оваа компанија, како што пишува порталот Пари, веќе со години е зацементирано првото место. Ланскиот приход и бил 194,5 милиони евра и е дури 33 проценти поголем отколку во 2022 година.
На второ место по промет е Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје. Тоа собрало 90,1 милион евра, што е 11 проценти повеќе отколку во 2022 година.