Бугарскиот член на заедничката македонско-бугарска комисија за историја, Иван Илчев, изјави дека работата на комисијата со Македонија е дојдена до критична фаза поради ликот и делото на Гоце Делчев.
Тој нагласува дека голем успех е тоа што македонската страна признала оти Цар Самуил е дел од бугарската историја и оти било постигната согласност дека Св. Климент и Св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамки на бугарската црква.
– Тоа порано беше апсолутна ерес. Се постигна согланост дека се неопходни промени но какви ќе видиме подоцна-објасни Илчев за Дневник.бг.
Тој жали што во договорот за пријателство со Бугарија нема инструмент со кој може да наложат одредени позиции. Но, Илчев вели е свесен дека од Берлин и од Париз, кои не ја разбираат ситуацијата, нешто што ќе наложат тоа ќе мора да го исполнат.