Ѓорѓи Илиевски, државниот просветен инспекторат во вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа со Кети Гетева детално ги образложи трите незаконски именувања на Арбр Адеми и Агим Нухиу актуелни министри во владата на СДСМ, како и на директорот на завод за индустриска сопственост Сафет Емрули.
Имено, просветниот инспектор Илиевски посочи дека при вршење на контрола увидел низа незаконски постапки при избирање на професори на Универзитетскиот факултет во Тетово, односно додека биле асистенти а подоцна избрани на функциите министри и директор, работниот однос на Факултетот се става во мирување и тие не можат да бидат унапредени на повисоки работни места ниту пак да бидат избрани, бидејќи работниот однос им е во мирување и се веќе избрани и вршители на друга фукција.
Со решение за мирување на работен однос од 4.4.2016 му мирува работниот однос како асистент и од 4.4.2016 е вршител на функцијата како министер без ресор во Владата на Република Македонија а министер без ресор значи всушност вицепремиер и му мирува се до завршување на мандатот. Таквото решение за мирување од член 151 од Законот за работни односи што си стои во законот и тоа мирување е оправдано бидејќи тој бил асистент. Но, доколку не му мирува има рокови, тие не се на неопределено работно време, тие се да речеме асистентот на е на 3 години и затоа му мирува по завршување на мандатот, Универзитетот може да му распише конкурс за избор во повисока наставно научна област ама кога веќе му престанала функцијата. Но Универзитетот во период додека му мирува работниот однос, ја врши функцијата министер без ресор, му распишува конкурс во 2016 година и на тој конкурс него го избираат за наставно научен доцент. Тој е спротивно значи на член 135 став 3 од Законот за високо образование, што значи таму стои дека доколку му мирува тогаш неговиот избор се пролонгира додека да му заврши мандатот. Но тоа не е така направено. Направен е законски пропуст и не се почитувани член 135 став 3 од Законот за високо образование, вели Илиевски.
Тој додава дека Адеми од страна на Универзитето е парично казнет бидејќи не ги извршувал педагошките задачи
Со доаѓањето на работа на Универзитетот на Арбр Адеми од страна на универзитетот му се изрекува парична казна поради работните односи што значи дека не ги извршува педагошките задачи. Тоа е тоа решение со кое е запознат и директорот на државниот просветен инспекторат и за ова е запознат и самиот министер. Потоа му продолжува мирувањето бидејќи станува заменик министер и исто така после тоа станува и сегашен министер. Значи во овој период тој нема право да има наставно научно звање доцент. Тоа е таа грешка, незаконитост каде што е даден записник. Тој записник е примен на 18 април и е побарано по тој записник да се произнесат, нагласи Илиевски.
За тој записник јас чекав повеќе од 8 дена за да ми одговорат. Кога не ми одговорија јас давам решение на 8 мај за почитување на незаконитоста и непочитување на решението и на членот 135 став 3 и да се поништи донесената за избор во наставно научно звање. Ова решенија како за министерот за образование, така и за министерот за внатрешни работи и за директорот Универзитетот не ги прима и јас бев принуден да го информирам ректорот на Универзитетот дека документите не ги примаат и од поштата информираат дека не го примаат, кажа Илиевски.
Инспекторот нагласи дека на барање на Арбр Адеми имал средба со него каде што бил замолен да не се објавува овој скандал, но како што рече Илиевски неговата должност е да го почитува законот бидејќи доколку и тој замолчел самиот тој ќе извршел кривично дело.
Во таа ситуација му пишав на ректорот дека вие не ги примате решенијата и јас на 27 јуни 2019 година ќе извршам контролен инспекциски надзор да проверам дали е испочитувана одлуката. За ова целокупна ситуација имавме средба со министерот Арбр Адеми во присуство и на директорот на државниот просветен испекторат Томе Спировски зошто инсистираше да имаме средба прифатив и бев добро примен, том ме сослуша и му кажав дека неговиот избор е незаконит. Ми вика инспекторе чаре. Му велам да чаре е да се прими записникот, решението и универзитетот да достави жалба до второ степената комисија за инспекциски надзор и што ќе одлучи таа тогаш тоа е. Не, вика, ако тоа се направи, тогаш тоа е веќе скандал. Ти си инспектор те молам како татко да направиш да се сокрие да се скрие од јавноста. Отворено му кажав, не можеш да сокриеш бидејќи тоа е должност согласно Законот за инспекциски надзор, согласно Законот за просветен инспектор, јас сум самостоен инспектор кој што констатирал непочитување на законите и морам да реагирам. Во спротивно доколку ова го затаам и ако овие случаи ги затаам јас носам службена одговорност односно кривично дело. На ова што обајснив добив заканувања од директорот на просветна инспекција Томе Спировски и од раководителот на секторот Афим Салиу дека ќе имам последици дека ова ќе биде нешто што не смее да се допушти, ти забрануваме да го пуштиш записникот, решението, дури и на архивата и беше забрането да ги пуштаат записниците и решенијата до Тетовскиот универзитет, објасни Илиевски.
Поради тоа што не успеал да наиде на разбирање од страна на институциите Илиевски бил принуден сите податоци да ги достави до Државната комисија за спречување на корупција се со цел целосно да се расчисти случајот.
Бев принуден на 13 мај да доставам претставка до ДСКС и да ја доставам целокупната документација за сите три предмета во тој случај доставив и дополнителна претставка бидејќи не ги примаат решенија, кажа Илиевски.
Илиевски објасни дека го контактирал и заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухи потенцирајќи деа и неговиот случај е сличен како на Арбр Адеми, но дека за разлика од Адеми, Нухиу во неколку наврати му се заканувал на државниот инспекторат Илиевски.
Ми се јави и заменикот Нухиу. За Нухиу исто како кај Адеми истиот период тој е именува во владата како заменик министер за внатрешни работи истото тоа му мирува. За да биде трагедијата поголема на истиот тој му распишуваат предвремен избор со две иницијативи. Едната иницијатива од некој приватен универзитет од Тетово и од приватниот факултет во Струга на Рамиз Мерко. И тука се отклопчуваат сите работи за да стане вонреден професор во периодот кога му мирува тој станува вонреден професор што е незаконито. И да, таму е таа сила на Мерко и на ректорот кога ние се жалиме во МВР за некои ситуации некаде се затскриваат работит, вели Илиевски.
За третиот случај Илиевски додава:
Третиот случај е за директорот Сафет Емрули. Тој е директор на Државниот завод за индустриска сопственост од 2008 година, значи му мирува работниот однос и тој од помлад асистент во 2010 станува асистент, во 2013/14 станува доцент а во 2018 година станува вонреден професор.
Тој истакна дека деновиве добива се поголема поддршка од стана на Албанците да истрае во оваа работа.