По низата шпекулации околу тоа кому на пратенците од ВМРО-ДПМНЕ му биле нудени суми, кои наводно се движат околу 250 000 евра за гласање за промена на Уставот согласно барањата на Грција (инаку сумата е неточна, бидејќи во кулоарите на ниво на шпекулација се зборува за повисоки бројки), а во кои се споменуваше и неговото име, Илија Димовски се огласи со изјава дека ниту размислувал ниту ќе размислува за такво нешто.
„Мојот став е кажа уште додека сум бил носител на листата. Напротив, во кампањата предупредував дека ќе дојдеме до тука, но за жал, многу граѓани не поверуваа. Нема да гласам за промена на Уставот“, наведе денеска Димовски.