Генералниот секретар на СДСМ и доскорешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, како и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски денеска се подновија со нова рамка на Фејсбук.
– Поднови ја профилната слика со оваа рамка од Влада на Република Северна Македонија, е пораката преку Фејсбук, која Николовски и Рашковски ја прифатија и се ставија во редот на „илинденците“.
Мотото на Владата за годинашнава прослава на најголемиот национален празник Илинден е: Сите сме деца на Илинден.