Лажните информации за коронавирусот го преплавија интернет, па експертите предлагаат воведување филтрирање на информации или „информациска хигиена“, јави Би-Би-Си.

Како прво, луѓето се повикани да почекаат и да размислат пред да проследат информации до своето семејство или пријатели.

Ако се сомневаат дека информациите се лажни, прво треба да го проверат изворот на веста.

Ако изворот е „пријател на пријател“ или „сосед на тетка на баба“, тогаш е вест за филтрирање.

Во лажните вести обично има и вистина, на пример совети да се мијат рацете или да се носи заштитна маска кога се оди во аптека, но кога станува збор за упатствата за дијагностицирање на болести што следуваат, тие можат да бидат штетни и опасни.

– Најсигурни извори на информации се јавните здравствени установи, вели Клер Милни, заменик-главен уредник на британската организација „Фул факт“.

– Експертите не се непогрешливи, но тие се посигурен извор од роднините на некој непознат корисник на Фејсбук, вели Клер Милни.

Честопати, на интернет се појавуваат монтирани фотографии или видеа кои немаат допирни точки со вистината, напротив, тие се појавуваат како илустрација на лажни вести.

Затоа вестите за кои само проценуваме дека се „точни“ не треба да се шират на интернет.

Особено, мора се контролираат вести кои предизвикуваат силни емоционални реакции, како што се страв, лутина, вознемиреност или радост, бидејќи тие произведуваат побрзо и некритичко прифаќање на упатства или совети што во повеќето случаи не се целосни или дури и целосно неточни.

Карл Милер, директор на Центарот за анализа на социјалните медиуми, потсетува дека најчесто се споделуваат постови за да се зајакнат сопствените верувања.

– Затоа, пред се, треба да го забавиме протокот на се што ни доаѓа преку интернет, рече Милер.