Прекрасната млада Малезијка сака да го тргне притисокот од рамениците на мајките дека по породувањето мора да имаат тело идентично како и претходно.

Дорин Чинг испраќа порака за позитивност, за ценење на сите женски тела без разлика дали тие имаат стрии, целулит или лузни на нив.

Таа, иако има само 22 години, веќе има 4 деца и на нејзиното тело се забележуваат траги од бременоста со четворката. Нејзиниот стомак цел е со стрии и најверојатно никогаш повеќе нема да изгледа како порано.

Но, Дорин е помирена со тоа и на социјалните мрежи прикачи фотографија на која стомакот и е во прв план и која стана вирална прво во Малезија, па и во целиот свет.

Луѓето ѝ честитаа за храброста, но Дорин вели дека минала долг пат додека да го прифати своето тело.

-Првото нешто кое го направив по породувањето беше гледањето на мојот стомак. Плачев и знаев дека ниту една операција нема да може да го среди и дека така ќе ми изгледа до крајот на животот, рече таа.

Таа открива дека добила и пораки во кои ѝ велат дека изгледа одвратно, но тоа не ја обесхрабрува да ја испрати пораката до светот дека сите жени, кои родиле и кои можеби никогаш повторно нема да имаат тело какво што имале, се убави и треба да бидат почитувани.

Без разлика што има тело со траг од бременоста со четворка, таа порачува дека повторно ќе носи бикини со гордост.