Има мртви и ранети во нападот во училиште во Џорџија, напаѓачот е приведен

/ 04.09.2024

Полицијата го приведе осомничениот за нападот во училиштето Апалачи во Виндер во американската држава Џорџија.

Како што јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на канцеларијата на шерифот на округот Бароу, во нападот се ранети неколку лица, од кои неколку фатално.

Американските медиуми јавија, повикувајќи се на полициски извори, дека две лица загинале, додека четворица се ранети и итно пренесени во блиската болница.

Полицијата претходно потврди дека одговорила на повикот дека во училиштето има „активен вооружен маж“. На местото на настанот набрзо пристигнале голем број полициски патроли, како и пет возила на брза помош.

Ранетите се пренесени во болница со хеликоптер. Училиштето набрзо било евакуирано, а родителите почнале да доаѓаат на блиското игралиште во потрага по своите деца.

Федералното истражно биро (ФБИ) потврди дека се вклучиле во истрагата за нападот. Во ова училиште учат околу 1.900 ученици.


Од истата категорија