Средношколците од турскиот град Малатја, кој пред половина година беше погоден од разорен земјотрес, новата учебна година од 15 септември ќе ја дочекаат во ново училиште, што ќе го носи името „С. Македонија“, објави ТВ Сител.
И училниците во ова училиште ќе носат имиња на македонските градови Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Штип, Куманово…
Изградбата на училиштето го реализира Македонско-Турската стопанска комора, со поддршка на Министерството за образование и Црвениот Крст на Македонија, Сојузот на турски невладини организации во земјава и Здружението ЕСНАФ.
Видеото со прилогот на ТВ Сител може да го отворите ТУКА.