Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека Илинденското востание е симбол на бунтовничкиот бугарски дух и морално знаме на долгата борба за човекови права, достоинство и слобода.

Радев изјави дека востанието е важно и во современите односи меѓу Бугарија и Македонија. Според претседателот, бугарскиот карактер на ова востание е неоспорен.

„Бунтот преживеа благодарение на воените вештини на голем број бугарски офицери и многуте бугарски доброволци“, додаде тој.

Вели дека ова востание ги отелотворува соништата на неговите светли умови за слобода, нивните соништа да ја претворат својата земја во земја на еднаквост и правда за сите народи.

„Бугарите и граѓаните на РСМ им се поклонуваат токму на овие идеали. И овие идеали се во целосна хармонија со вредностите и принципите врз кои е изградена Европската унија. Затоа верувам дека државниот врв на … Македонија ќе ги следи и ќе води од овие европски принципи и идеали за да се постигне уставна и сеопфатна еднаквост на Бугарите во РСМ“, изјави претседателот.