Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 како прва доза, 2.509 се ревакцини, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 18 октомври вкупно се вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани.
Како што информираат од Министерството за здравство, 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 проценти, а со две дози опфатени се 45 осто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 осто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 осто од популацијата во државата примила две дози вакцина.