На 72 годишна возраст ненадејно почина Ѓоко Дончев, кој важеше за еден од доајените на македонската народна музика.
Беше активен на сцената повеќе од 25 години и со своите песни ја одбележа златната ера во македонската фолк музика. Во текот на неговата плодна музичка кариера соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори и испеа дел од најубавите македонски фолк песни.
Во македонската народна музика остави длабока трага со своите безвременски хитови, како легендарните „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и многу други.Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово, а почина вчера во Скопје.
Освен како исклучителен во музиката, семејството, пријателите и колегите ќе го паметат како посебно харизматичен и ведар.Погребот ќе се изврши утре на градските гробишта во Бутел.