Почина македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов, на 85-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот син Игор Џамбазов на својот инстаграм-профил.
„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор.