Највисоките партиски органи на Алтернатива одлучиле, нивните 4 пратеници да ја поддржат иницјативата за недоверба на Владата, објави новинската агенција на албански ИНА.
Како што објави ИНА, постигната е согласност околу позициите, а со тие позиции согласен е и пратеникот Скендер Реџепи – Зејд.
Со ваквата одлука, во четврток владат на Заев се очекува да не ја добие довербата и да падне, притоа отворајќи го патот за избор на нова Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, АА/А, БЕСА, други партии и пратеници, пишува ИНА.