Премиерот во оставка и лидер на СДСМ, Зоран Заев ќе го одложи поднесувањето на оставките, како што велат, се до „стабилизирање на земјата“, а како еден од аргументите за одложување на оставката се наведува можноста Македонија да ги започне преговорите со ЕУ во декември.
Според извори во СДСМ, Извршниот и Централниот одбор на вечершните седници го овластиле Заев да преговара за зголемување на парламентарното мнозинство.
ТВ Телма, пак јави дека во врска со оставката на премиерската функција Заев ќе чека до сабота, по гласањето за доверба на Владата, но бил дециден дека ќе ја депонира.
Извршниот и Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ги одложи оставките на одредено време додека не се нормализираат процесите, изјави претседавачот на ЦО на СДСМ, Перо Костадинов по вечерашните седниците на двете тела.
– Сакам да ве информирам дека беше отворена плодна и демократска дискусија во која што членовите на ЦО имајќи ги предвид пред се случувањата во државата и моментумот во којшто се наоѓа С. Македонија во овој период, којшто е многу клучен за процесите коишто понатаму треба да следуваат, едногласно донесе одлука претседателот и премиерот да ја одложи ставката на одредено време додека овие процеси не се нормализираат, изјави Костадинов.
Тој информира на дека седниците на Извршниот и на Централен одбор биле разгледани актуелните случувања во земјата и во партијата.