По Кукуш, грчката влада денес одржа церемонии за одбележување на ослободувањето и на градот Сер, каде локалните жители го искажале својот гнев од потпишувањето на Преспанскиот договор, јавуваат локлани медиуми од северна Грција.

Мештаните, како што јави Тесњуз, реагирале на присуството на министерот за поморство, Панајотис Коруполи, кој ставше венец на спомен-обележјето во знак на 105-годишнината од ослободувањето на Сер од Османлиите.

Инаку овој македонски град освен под Османлиите бил и под бугарската држава, а потоа и под Грција.

„Предавници, предавници. За 30 сребреници ја продадовте Македонија“, извикуваа мештаните, додека министерот едвај можел да се смири од настаната ситуација.

Министерот некако усепал да го положи венецот благодарение на полицијата која успеала да направи заштитен кордон.

Медиумот од Солун, инаку наведува, дека пратеничката од Серес, Марија Колја-Царуха, не дошла на свеченоста.