Припадник на грчката гранична полиција бил застрелан кога неидентификувани напаѓачи отвориле оган врз патрола на граничната полиција во близина на границата на Грција со Турција, соопшти грчката полиција.
Граничниот полицаец е хоспитализиран, а освен него нема други повредени.
Истрелите доаѓале од турска територија додека грчките граничари се обидувале да спречат мигранти илегално да преминат од Турција во област во близина на реката Марица на грчка страна, се вели во соопштението на грчката полиција.
Фото: МИА архива