Авионот на бугарската Влада со кој патуваше премиерот Бојко Борисов беше мануелно приземјен на аеродромот во Софија, јави БГНЕС.

Авионот успешно атерирал и никој не е повреден.

При слетувањето на авионот откажал навигацискиот систем и пилотите не успеале да го рестартираат поради што морале да се префрлат на мануелен систем.