Инцидент денеска се случи во кругот на седиштето на скопската општина Ѓорче Петров, кога незадоволни граѓани влегоа и сакаа да му остават гумени чизми на градоначалникот Александар Наумоски.

Поводот за чизмите беше поради тоа што граѓаните имаат проблеми со неасфалтираните улици кои ги вети Наумоски во општината Ѓорче Петров на претходните локални избори.

По инцидентот и дрскиот однос на обезбедувањето кое е под целосна контрола на градоначалникот, граѓаните беа приморани да го напуштат дворот.