Индија по бројот на смртни случаи од последици од новиот коронавирус ја надмина Кина.

Според податоците на индиското Министерство за здравство во Индија од новиот коронавирус починале 4.706, додека во Кина нивниот број изнесува 4.638.

Со повеќе од 160.000 инфицирани луѓе, Индија по бројот на заразени ја надмина Кина пред неколку недели.

Иднија се во четвртата фаза на карантин, но се уште не се познати натамошните мерки, бидејќи според експертите врвот на епедимијата се уште не е достигнат и се очекува да биде во јуни или јули.