Шефот на индиската дипломатија, Субрамањам Џајшанкар изјави дека војната во Украина не е во ничиј интерес, но одби да каже дали неговата влада ќе ја поддржи резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации со која се осудува руската анексија на украинските територии.
– Ние бевме многу јасно против конфликтот во Украина. Веруваме дека овој конфликт не служи на ничии интереси. Ниту на учесниците, ниту на меѓународната заедница, изјави индискиот министер по состанокот со неговата австралиска колешка Пени Вонг.
Џајшанкар додаде дека Индија гледа колку таа војна влијаела на посиромашните земји. Меѓутоа, тој одби да коментира дали неговата земја ќе ја осуди анексијата на четири украински региони.
Индија е главниот пазар за оружје од руско производство.