Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ја почна својата дводневна посета на Вашингтон, пренесоа американските медиуми.

Индискиот премиер им се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден и на првата дама Џил за гостопримството во Белата куќа.

Моди изјави дека со нив имал „одличен разговор“ на неколку теми, пренесува „Тајмс оф Индија“.

За време на посетата на индискиот премиер се очекува да се продлабочи одбранбената и технолошката соработка меѓу двете земји. Британските медиуми наведуваат дека САД сакаат Индија да биде стратешка противтежа на Кина и ја гледаат како клучен партнер.

Моди вечерва ќе се обрати пред американскиот Конгрес и заедно со Бајден ќе одржи прес-конференција.