Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди утрово провинцијата Папуа во Индонезија, по што неколку минути подоцна следеше последователен земјотрес со јачина од 5,8 степени, соопшти Американскиот геолошки институт.

Два потреси се регистрирани на длабочина од 15 километри, на оддалеченост од 272 километри од градот Абепура, прецизира институтот.

Засега нема информации за жртви или предизвикана  материјална штета.

Индонезиската метеоролошка и геофизичка агенција предупреди на Твитер за благи афтершокови и ограничени последователни потреси.

Индонезија се наоѓа во таканаречениот „Огнен појас“ во Тихиот Океан, каде често се случуваат земјотреси.