Лето е, па лубениците и дињите се омилен десерт на многумина, а токму ова овошје носи ризик од добивање салмонела. Затоа внимавајте кога купувате лубеници и дињи.
Според Центарот за контрола и превенција на болести во Америка (ЦДЦ), големи количини преполовено овошје често се исфрлаат од продажба, токму поради предизвикување инфекции од салмонела.
Салмонелата најчесто демне во преполовени лубеници, дињи и во готови овошни салати. ЦДЦ нагласува дека многу луѓе ширум светот на овој начин добиваат салмонела, а заболените често пати мора да бидат и хоспитализирани.
Салмонелата е бактерија која предизвикува дијареја, треска и грчеви во стомакот, и сите симптоми потсетуваат на симптоми на стомачен гроп. Повеќе од луѓето се опоравуваат по една недела, но за деца помали од 5 години, лица над 65 години, како и лица со ослабнат имунитет, често е потребно и хоспитализирање. Во ретки случаи, според ЦДЦ, инфекцијата од салмонела може да заврши и трагично.
Преполовени лубеници и дињи летово се продаваат насекаде, а не секаде се води грижа за хигиената. Најчесто се обвиткани со проѕирна фолија или во пластични кутии, но никогаш не може да бидете сигурни со што се сечени пред пакувањето, а така бактеријата од салмонела најлесно се пренесува. Затоа посигурно е да купите цела лубеница која сами ќе ја исечете. И голема да е подобро цела лубеница без ризик, отколку таман половинка – со салмонела.