На Клиниката за инфективни болести во моментов се врши тестирање за корона вирус кај патничка која пристигнала од Милано.
Како што објави Министерството за здравство на својата веб страна, резултатите од патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје ќе бидат готови во наредните 4 часа.
Од Министерството информираат дека по добиените резултати, веднаш ќе ја известат јавноста.