На Инфективна клиника е хоспитализирана 16 годишна пациентка од тетовско која има развиено тешка клиничка слика.
Ова денеска го изјави директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, Милена Стевановиќ за ТВ Сител.
Како што информираше Стевановиќ, девојчето развила тешка ковид-презентација и не се знае дали истата има други хронични проблеми.
Пред неколку дена, како што објавивме, на Клиниката почина 17-годишно девојче од демирхисраското село Сапотница.