За харизматичната млада девојка Марија Сакалиева од Кавадарци велат дека е најдобрата македонска инфлуенсерка на интернет апликацијата Тик Ток.

Снимајќи забавни видеа, со доза на позитивност, за само шест месеци, таа има над 200 илјади следбеници.

За неа велат дека покрај убавина благословена е и со интелигенција. Таа студира менаџмент на Економскиот факултет во Марибор, Словенија. Видеата ги снима таму, но преку интернетот редовно се вртат низ светот.

Најголемите обожаватели на Марија се од Балканот, а некои од видеата ги погледнале и неколку милиони љубители на добрите и успешни тик токери.

Посакуваме Марија да постигне уште поголеми успеси во иднина и да биде и понатаму светла точка во интернет светот.

https://vm.tiktok.com/ZM6ELF3bA/