Инфоден за можностите за поддршка на научно-истражувачката дејност во Македонија организираат денеска Машинскиот факултет – Скопје и Министерството за образование и наука во соработка со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија. На настанот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.
Како што информираат од Факултетот, на Инфоденот ќе бидат презентирани можностите за соработка помеѓу македонските истражувачи и истражувачката мрежа на Европската комисија. Во фокусот ќе бидат енергетската безбедност, одржливите материјали за изградба, паметната специјализација и индустријата 4.0.
Оттаму дополнуваат дека Министерството за образование и наука неодамна потпиша Рамковен договор за истражување со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија, со што се отвораат нови перспективи за развој на научните истражувања во Македонија.
Фото: Архива