Научници од институтот Рикен во Токио, Јапонија разработуваат теорија околу тоа – зошто луѓето што живеат над 110 години, доживуваат толку длабока старост, пренесува „Мирор”.

– Ако ја откриеме врската меѓу имуниот систем, стареењето и долговечноста, тоа може да придонесе за развој на терапии за продолжување на животот, изјави раководителот на истражувањето, Косуке Хашимото.

Со стареењето, ризикот од рак и други опаки болести се зголемува како резултат на намалувањето на имуните Т-клетки. Тие имаат својство да уништуваат бактерии и вируси, а кај стогодишниците ги има во изобилие.

Во рамки на овој труд, Хашимото и колегите негови испитуваат илјадници имуни клетки земени од крвта на седуммина стогодишници. Тие биле споредени со други, земени од петмина случајно одбрани доброволци на 50, до 80-годишна возраст.

– Добиените резултати наведуваат на претпоставката дека имуниот систем на столетниците може да биде клучна заштита од вирусни инфекции и развој на тумори, осигурувајќи една прекрасна долговечност. Тоа појаснува и зошто во повеќето случаи стогодишниците во голем дел од својот живот „пукаат од здравје, објаснува Хашимото.

Резултатите говорат оти еден посебен вид Т-клетки, наречени ЦД4 плус, се 4-5 пати повеќе присутни кај оние над сто години, отколку кај некои од помладите испитаници. Не се знае, сепак, зошто и како тоа точно го продолжува животот.

– Откритието може да доведе и до апче – еликсир на младоста, додава јапонскиот професор.

Канадски научници пак, анализирајќи случаи во САД, Велика Британија, Франција и Јапонија од 1968 година до денес, сметаат дека во иднина бројот на столетниците ќе се зголемува.