По осум тешки години, Грција , барем технички, ја остава зад себе ерата на Меморандумот, односно странската помош и асистенција за излез од финансиската криза, смета угледниот институт Брукингс.
Освврнувајќи се на излегувањето од Меморандумот, Брукингс констатира дека и покрај оптимизмот на грчката влада и на некои претставници од еврозоната, многу веруваат дека состојбата во Грција може да се објасни парафразирајќи ги стиховите на групата Иглс и нивната култна песна „Хотел Калифорнија“. Клучниот рефрен, кој важи за Грција е дека „можеш да се одјавиш, но никогаш не можеш да излезеш“ од него.
Практично, Грција се наоѓа во економски магичен круг од кој нема да може да излезе. Брукингс во својот осврт вели дека во суштина станува збор за слаба економија. „Тука спаѓаат неефикасна јавна администрација, сива економија, корупција и даночна евазија, одложување на правдата и повеќе бирократски бариери на извозот и на инвестиците“
Феноменот на магичен круг, пак, авторот на анализата го објаснува со тоа што Грција е рекордер по износот на издвојувања за даноци и за осигурување споредено со земјите во ОЕЦД. Но, за таквата состојбата цената ја плаќаат и тие што имаат ниски шплати. Од друга страна, ваквата политика делува демотивирачки за работодавачите да отвараат нови работни места. Понатаму, тоа значи и намален пораст и помалку работни места.