Новиот тренер на Интер Антонио Конте побарал од Бепе Мората и директоро Пиеро Аусилио да го донесат кај нероазурите Велшанецот Гарет Бејл.
Според шпанската телевизија „Ел чирингито“, италијанскиот клуб се обидува да го преземе 29-годишниот фудбалер на Реал во текот на летниот преоден рок.
Со доаѓањето на Зидан на клупата на Реал, велшкиот напаѓач нема место во Сантијаго Бернабеу, така што по се изгледа ќе биде продаден ова лето за цена до 90 милиони евра.
Управата на нероазурите му понудиле на Конте 200 милиони евра за трансфери за да го зајакнат клубот со цел тој да биде поконкурентен во Лигата на шамионите и во Серија А.
Инаку, за шест сезони поминати во Реал, Бејл постигнал 102 голови, освоил три европски шампионски и титули и една во Ла лига.