Фудбалерот на Арсенал, познат како „босански тенк“ Сеад Колашинац, е на мета на Барселона.

Според „Мундо депортиво“,  каталонците го посакуваат левиот бек како конкуренција на Жорди Алба кој во моментот му е единствена опција на тренерот Ернесто Валверде.

Босанскиот репрезентативец кој одигра добра сезона за „топџиите“, е познат по одличните физички предиспозиции и може да донесе сигурност во одбраната на Барселона, а неговата цена според шпанскиот угледен весник може да се движи од 20 до 25 милиони евра.

Сепак, Босанецот има голема конкуренција за место во каталонскиот тим, управата на Барселона освен него веќе ги мерка и Бернат од ПСЖ, Тирнеј од Селтик, Алекс Телес од Порто, Јуниот од Бетис, Гуеререно од Дортмунд, Вендел од Бајерн и Алберто Морена, на кого му истече договорот со Ливерпул.