Трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид е завршена работа, а службеното објавување се очекува во текот на денот или најдоцна утре изутрина.

Toa го објави шпанската телевизија „Ел чирингито“, која додава дека за   трансферот кралскиот клуб платил околу 100 милиони евра.

„Ел чирингито“ има сигурни извори во највисоките кругови на Реал и нејзините ексклузивни вести како таа за трансферот на Роналдо во Јувентус, истиот ден секогаш биле потврдувани од страна на мадридскиот клуб.

Освен информацијата за трансферот на Азар, што ја пренесе и „Ел Мундо депортиво“, како иден играч на „кралевите“ се наведува и Ферланд Менди од Лион.